еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска чии органи беа донирани, наместо 15 доби 30 месеци казна затвор

Апелацискиот суд во Штип ја зголемил казната затвор од 15 на 30 месеци на И.Ч. (18) од Струмица заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Во јули годинава Основниот суд во Струмица му изрече пресуда 15 месеци за сообраќајната несреќа, која се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица, која преминувала на пешачки премин.

Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку писмена изјава за медиумите.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Братот на Верица Белчовска реагира на пресудата: „Сестра мѝ ништо нема да ја врати назад, но само 15 месеци за изгубен млад живот“

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска, чии органи по смртта спасија три животи, осуден на 15 месеци затвор

МИА/Фото: Фејсбук/Белчовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани се регистрирале за вакцинација

Редакција

Емилија Нацевска и Ана Митреска предложени за вицегувернерки на Народната банка

Редакција

Која е компанијата која од Комерцијална банка го купи имотот на Еуроникел индустри

Редакција