еМагазин
Image default
Локално

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“

На граничниот премин „Блато“ на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

„Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Северна Македонија“, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на  возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар: Од утре аплицирање за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Редакција

Скијачката сезона на Попова Шапка, започнува денеска

Редакција

Го киднапирале откако излегол од кафана, па го пуштиле

Редакција