На 08.08.2020 година во временскиот период од 00,15 до 02,00 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово при Бирото за јавна безбедност на МВР врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, информира МВР.
При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки на Република Северна Македонија, шест се државјанки од Република Албанија и една е од Република Косово , кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“ член 418-а, од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.