еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Путин: Русија ја има првата вакцина против корона вирусот, вакцинирана е и мојата ќерка

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека руското Министерство за здравство ја одобрило првата вакцина против корона вирусот во светот, додавајќи дека неговата ќерка веќе била вакцинирана, објави Раша Тудеј.

„Една од моите ќерки ја доби вакцината. Таа учествуваше во експериментот. По првата вакцина разви температура од 38 степени, а следниот ден имаше температура од 37 степени. Тоа беше се“, вели Путин.

Вакцината е развиена од московскиот Институт „Џемелаја“ во соработка со руската војска.

Руската вицепремиерка Татјана Голикова соопшти дека вакцината ќе биде дистрибуирана до здравствените работници на почетокот на септември, а вакцинарање на населението ќе почне во јануари, 2021 година.

Фото: Фејсбук/Владимир Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новороденчето од Ресен починало поради затајување на кардио-респираторниот систем, утврдила инспекцијата

Редакција

Едно починато лице од Ковид-19, вкупно до сега 9.252

Редакција

(Фото) Шекеринска, Милошоски, Жерновски и Мицкоски „се помирија“ за вкусна италијанска храна

Редакција