еМагазин
Image default
Македонија

Нови 18 случаи на Ковид-19 во Кичево, оздравеле пет лица

Нови 18 лица се заразени со коронавирус, а петмина се оздравени, покажуваат денеска податоците од Министерството за здраство за Кичево. Со тоа вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 219 лица, од кои 133 се активни, 77 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас имаме навистина голема бројка дури 18 новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар, и се разбира дека со во изолација.

За среќа пак имаме пет лица оздравено од коронавирусот, информира Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево.

Тој упати сериозен апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка на 51 година почина од корона вирусот

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓанскиот и Кривичниот суд Скопје ќе бидат засилени со по тројца судии, одлучи Судскиот совет

Редакција

Филипче: Тешко е во овој момент да се каже дали ќе има одложување на изборите

Редакција

Вкупно од Ковид-19 се заразиле 61 бремени жени, 29 биле без симптоми

Редакција