еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција нема донесено одлука за отварање на границата за македонските државјани од 17 август

Во Грција нема промени, ниту пак постои нова одлука што се однесува на копнените граници и засега, останува во сила забраната што важи за државјани на трети земји и привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со соседните земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативната портпаролка на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, соопштувајќи ги вчера новите, дополнителни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата, меѓу другото, како што веќе објави МИА вчера, најави и задолжителен негативен тест од 17 август за влез преку копнените граници, вклучувајќи ги и грчките државјани и оние имаат грчка дозвола за престој.

Согласно министерските одлуки кои Грција ги издава, а се однесуваат како на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, така и за привремено ограничување на воздушните, копнените и железничките поврзувања со соседните држави, постојат и категории што се исклучок од забраната.

Па така, според последната објавена министерска одлука забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14-годишeн ученик убиен во Приштина, во близина на училиштето каде учело

Редакција

Истрага „Хармонија“ на СЈО: На Балканскиот универзитет му биле продадени парцели по багателна цена

Редакција

На светот му се зканува нова опасност од Ковид-19: Сојот „Му“ најверојатно е отпорен на вакцините

Редакција