АД „Европа“-Скопје за периодот 01.01-30.06.2020 година оствари добивка во износ од 42.713.982 денари и е поголема во однос на претходната година за 63,8%, соопшти компанијата преку Македонската берза
Во периодот 01.01-30.06.2020 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 392.499.552 денари и се зголемени за 12,5% во однос на бруто приходите од 2019 година за истиот период.
Вкупните оперативни приходи за 01.01-30.06.2020 година се зголемени за 10,4% во однос на истите во 2019 година.
Приходите од домашен пазар се зголемени за 9% во однос на минатата година, додека пак приходите од странски пазар се зголемени за 11,4% во 2020 година во однос на 2019 година.
Останатите приходи се намалени за 39%, а финансиските приходи се намалени за 43,2 % во однос на 2019 година.
„Вкупните расходите се зголемени за 7,8% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-30.06.2020 година се зголемени за 7,8%, а финансиските расходи пак се намалени за 0,8% во однос на 2019 година.
Планот за вкупната продажба за периодот 01.01-30.06/2020 година е остварен со 122,7%“, информираат од компанијата.
Фото: Европа