На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 пациенти суспектни.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 368 оздравени пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје
Починаа тројца пациенти од Ковид-19
Нови 160 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово
Фото: МЗ