еМагазин
Image default
Македонија

Поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, одложено судењето за „Насилство во Центар“

На 17 септември продолжува судењето за предметот „Насилство во Центар“, поради промена на адвокатот на еден од обвинетите. На барање на адвокатот со цел да се запознае со предметот, судијата Душан Јосифов го одложи рочиштето.

На минатото рочиште, и покрај укажувањата на одбраната, судијата дозволи вештакот од Србија да образложи на кој начин ги вештачел материјалите.

Во овој предмет инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Редакција

Нови рочишта за „Таргет Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција

Вкупно 4.936: Починаа уште 45 лица од Ковид-19, меѓу нив и 34-годишен велешанец

Редакција