еМагазин
Бизнис

Корона вирусот ги „однесе“ во загуба „Хотели-Метропол“

„Хотели-Метропол“ А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2020 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Приходите од работењето изнесуваат 10.099.000 денари и покажуваат намалување од 85% во однос на приходите за овај период 2019 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 8.774.000 денари.

Останатите приходи во износ од 1.325 илјади денари бележат зголемување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите во првиот семестар од 2020“, велат од компанијата.

Хотели- Метропол А.Д.Охрид во првиот семестар на 2020 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 40.100.000 денари.

„Имајќи ja предвид глобалната пандемија со Ковид-19, препораките и одлуките за заштита на здравјето на населението кои беа донесени од страна на Владата, а со кои беа привремено затворени сите угостителски објекти, откажани сите аранжмани со странство, затворени граници и аеродроми, директно се одразуваат на резултатите од работењето на Друштвото.

Со оглед на фактот дека пандемијата се уште трае и неизвесноста колку долго ќе трае, менаџментот на друштвото своите одлуки ги базира на кратки рокови со фокус на рационализирање на трошоците како би се амортизирале негативните отстапувања во период кој претстои“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хотели Метропол“ со добивка од 46,6 милиони денари за девет месеци

Кои се членови на Одборот на директори на Хотели Метропол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на гориво вреден 211.000 евра

Редакција

За првпат по пропаѓањето на преземањето од Комерцијална се огласија од Стопанска банка Битола: Стабилноста и сигурноста на Банката е на највисоко ниво

Редакција

(Фото) Отворен Штип Сити Мол: Првиот трговски центар во Источна Македонија, подготвен да ги прими посетителите од регионот

Редакција