еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Финска ги суспендира летовите од Скопје поради патници со Ковид-19 кои доаѓаат од Македонија

Финска ги суспендира летовите од Северна Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени патници со Ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период.

Финскиот министер за транспорт и врски, Тимо Харака, изјави дека одлуката е донесена од Агенција за транспорт и врски Трафиком, а врз основа на анализата на Националниот институт за здравство.

Суспензијата на летовите следува два дена откако уште 17 патници кои пристигнале со летот на Визер од Скопје во Турку во вторникот биле позитивни на Ковид-19. Тестирани биле 113 од вкупно 127 патници во авионот, и сите се ставени во карантин.

Вкупно досега на последните четири лета од Скопје до Турку се регистрирани 60 случаи на корона вирус.

На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, на вториот на 11 август пет, а на 18 август уште 12.

Најголем дел од патниците во четирите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.

Иако, македонски државјани не се меѓу заразените патници, финските власти ја класифицираа Северна Македонија како земја со висок ризик, поради големиот број случаи на Ковид-19.

Освен привремената суспензија на авиолинијата Скопје-Турку која се реалзира двапати неделно, во вторник и во сабота, Финска воведе ограничувања и за летовите од Исланд, Грција, Малта, Германија, Норвешка и Данска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за еден денар, цената на дизелот останува иста

Редакција

(Фото) По ќерките, санкции од САД и за љубовницатa на Путин

Редакција

„Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1“, напиша НАСА по повод смртта на Елизабета Втора

Редакција