По вчерашните осум случаи, денес се регистрирани девет нови случаи на Ковид-19 во Берово, што го прави овој град ново жариште на корона вирусот.
Поради долгото процесирање на резултатите на тестовите на социјалните мрежи со свои реакции излегоа неколку пензионирани лекари, кои велат дека е потребен пункт со поголем капацитет за тестирање.
„Тестирањата во Берово се праќаат во Центарот за јавно здравје во Кочани, а резултатите од недела на пример се соопштуваат доцна. Во меѓувреме луѓе со симптоми се рашетуваат по Скопје за да се тестираат. Пункт со поголем капацитет е неопходен. Берово може да ја реши ситуацијата полесно од Дебар само треба засукување на ракавите и добра организација“, вели во својата објава на фејсбук поранешниот лекар Нада Аџиска.
Во Малешевијата денес освен девет нови позитивни случаи во Берово регистриран е и еден позитивен пациент во Пехчево.
Во двете општини во моментот има 28 активни случаи на Ковид-19. Во соседните општини денес има четири нови случаи со Ковид-19, од кои три во Делчево и еден во Македонска Каменица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаир единствена скопска општина со над 100 активни случаи на Ковид-19
Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници
Нови 159 случаи на заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Гостивар
МИА/Фото: Општина Берово