еМагазин
Image default
Македонија

Драгица Ѓавочанова на местото на Заев во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја напушти собраниската седница на која се верификуваше мандатот на пратеничката Драгица Ѓавочанова која доаѓа на местото на Зоран Заев, кој пак како мандатар за составување на новата влада, претходно поднесе оставка од пратеничката функција.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, постапката за верификација на мандатите на новите пратеници е неделовничка. Тие посочија дека Верификационата комисија нема мандат да решава бидејќи претстанала да постои по конститутивната седница.

– Очигледно процедуралните забелешки од страна на опозицијата не допреа до Вас и констатацијата дека и порано се правело вака, не дозволува понатамношно кршење на Деловникот.

Од тие причини, јасно ви укажавме дека Верификационата комисија претстанала да постои после првата конститутивна седница. Вашите недокажани објаснувања не ни даваат за право да веруваме дека ќе ги почитувате забелеките и она што деловнички е предвидено и од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во понатамошниот тек на оваа седница и седниците за верифиакција на мандати, рече Никола  Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на СДСМ, Јован Митревски рече дека со ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да не се верификуваат новите мандати на пратениците што би значело и нефункционално Собрание и нова криза.

– Денешното однесување на опозицијата може да доведе до ситуација во која нема да може да се верификуваат мандатите на пратениците кои доаѓаат на местата на оние кои во иднина ќе бидат министри. Тоа во иднина би значело дека ќе имаме нова легитимна влада, но нема да имаме фукционално собрание. Тоа би значело нова криза.

Токму тоа е причината зошто ги преземаме овие чекори. Како одговорна коалиција и одговорни пратеници должни сме да не дозволиме и да спречиме нова криза во следниот период, истакна Митрески.

Собранието ја констатираше и оставката на пратеникот Љупчо Николовски, кој ќе треба да извршува министерска функција. Се очекува Собранието да ја информира Државната изборна комисија која пак потоа ќе го информира Парламентот кој е следен на листата што го прифаќа пратеничкиот мандат.

Оваа постапка ќе биде применета за сите пратеници кои ќе бидат дел од идната влада.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Редакција

Околу 24 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Редакција

210 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Редакција