Вработените на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе добијат пет отсто поголеми плати од јануари 2019, одлучи Владата на вчерашната седница.
„Владата ги задолжи стручните служби на Медицинскиот факултет да направат пресметка и да извршат исплата на платите на сите вработени со полно работно време на Медицинскиот факултет во Скопје, повисока за пет проценти, почнувајќи од јануари 2019 година“, стои во владиното соопштение.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.