еМагазин
Image default
Македонија

Ременски со видеоснимки ќе го оспорува претресот во нејзиниот дом за предметот „Меѓународен сојуз“

На барање на обвинетата Фросина Ременски, судот денеска го затвори за јавност делот од рочиштето од предметот „Меѓународен сојуз“ во кој требаше да се прикаже претресот во домот на поранешната пратеничка.

Ременски преку снимки од видеонадзорот во нејзиниот дом ќе го оспорува претресот во случајот за кој е обвинета за помагање на Бојан Јовановски-Боки 13 во делото измама.

-Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видеоматеријалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на Јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом.

Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да се влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот, истакна Ременски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Меѓународен сојуз“: Бизнисменот Ардијан Амзоски бара отштета од 195.000 евра

МИА/Фото/Фејсбук/Ременски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, дополнително пријавено едно лице

Редакција

Вакцинирани 4.328 деца: 19-годишен пациент со мали сипаници во потешка здравствена состојба

Редакција

Нови 1.216 случаи на Ковид-19 од 3.716 тестирања, во Скопје 624

Редакција