Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа се хоспитализирани шест пациенти од корона вирусот. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 41, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 8 позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 159 заболени од корона вирусот од 2.018 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово
Убава вест: Оздравени 212 пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Штип
Починаа петмина заболени од корона вирусот, најмладиот на 43 години
Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини
Фото: МЗ