Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе биде вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, функција која досега не постоела.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога станал министер.
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле членовите на новата влада.
Каков имот пријавил?
Според неговиот анкетен лист, Николовски на свое име пријавил стан од 33 метри квадратни во Крива Паланка, кој го добил како подарок, а на име на родителите пријавил куќа, земјоделско земјиште и пасиште исто така стекнати како подарок.
Вози Ренаулт Клио, а друго возило пријавил и на име на неговиот брат.
Има и кредит од 610 илјади денари, од 2017 година, кој ќе го исплаќа во рок од 36 месеци или истиот би требало да го исплати годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Мила Царовска, новата министерка за образование и наука
Нема ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил идниот премиер Зоран Заев
Каков имот пријавила старо-новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска