еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапи за половина денар, дизелот со иста цена

Од полноќ за половина денар се зголемуваат цените на бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со иста цена и во следните седум дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (ЕКЕ).

Согласно ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,251 денари за килограм и ќе изнесува 26,531 денари за килограм.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 проценти во однос на минатонеделната одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипски Макпромет со добивка во првите три месеци

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во април

Редакција

Условите за бесплатен роаминг со Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија проверете ги кај мобилните оператори

Редакција