еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Следната недела започнува Саем на книга на отворено: Од денес и онлјан продажба на карти

Саемот за книга 2020 ќе се одржи од 8. до 14. септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти.

Преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга за прв пат се одржува на отворен простор.

Со Саемот на книга на отворено, започнува и првиот од саемите под мотото: “безбедни саеми”, кои пред сè ќе ја имаат предвид безбедноста на посетителите и изложувачите и ќе се адаптираат на новонастанатите услови.

Од денес, влезници за саемот ќе може да се купат и преку оn-line електронскиот систем на karti.com.mk по цена од 30 денари (директен линк: karti.com.mk).

На саемот ќе земат учество повеќе од 40-тина издавачки куќи кои најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции и големи саемски попусти до 70%.

Саемот на книга и оваа година е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Јапонски ученици од Токио ни испратија поздрав на македонски јазик

Редакција

Владимир Мандичевски-Манде ја промовираше својата прва книга „Јас пратеник“

Редакција

Никола Алчев од Муртино освои „Супер милионер џек пот“ вреден 8.442.127 денари

Редакција