еМагазин
Image default
Македонија

„Македонија пат“ ќе ја урива дивоградбата пред „Мавровка“

Владата на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти, напиша Заев.

Премиерот дополнува дека по исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од седум дена, се задолжени да подготват и до Владата да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алелуја: Полицијата го најде сопственикот на дивоградбата пред Мавровка и му поднесе кривична

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик-министерот за здравство Асим Муса што наводно земал поткуп, поднесе оставка

Редакција

Во Дебар нападнат и избоден со нож сопственик на кафе-бар

Редакција

Починаа нови 10 лица од Ковид-19, девет во болнички услови и еден дома

Редакција