еМагазин
Image default
Македонија

Завршни зборови на одбраната за „Таргет-Тврдина“, предметот за незаконското прислушување

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи предметот за незаконското прислушување „Таргет-Тврдина“.

Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а 1.541 број и по завршување на траењето на важноста на судските наредби.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Обвинителството, во завршен збор на минатото рочиште, посочи дека и покрај сите пречки со кои се соочувале во истрагата успеале да докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побара максимални затворски казни.

Претставникот на Агенцијата за национална безбедност рече дека Агенција останува на имотно-правното побарување од 1.418.897 евра.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максимални казни затвор за Мијалков и обвинетите во „Таргет-Тврдина“ побара Обвинителството во завршниот збор

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Контактираме со сите служби во регионот, се утврдува како избегал Груевски и кој му помагал

Редакција

Обвинителство се сомнева дека некој му дојавил на Мијалков за притворот

Редакција

Лицето кое утринава се тестираше на корона вирусот е негативно, засега девет се заболени

Редакција