еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски: Контактираме со сите служби во регионот, се утврдува како избегал Груевски и кој му помагал

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека внатрешната контрола на МВР и Обвинителството работат на утврдување на начинот на кој поранешниот премиер Никола Груевски избега од Македонија во Унгарија.

Спасовски, кој присуствување на Денот на високи гости на вежба во Криволак, појасни дека токму поради тоа се отворени истраги во МВР и во Јавното обвинителство.

– Сакаме да дојдеме до конкретните информации и да ја информираме јавноста. Нам ни е важно тоа што се случило во Македонија. Контактираме со сите служби во регионот. Принципиелно би било сите институции да го заокружат тој систем и на крај да излеземе со конечна информација дали имал помош и како се случило неговото бегство, нагласи Спасовски.

Во однос на пишувањата дека Груевски слободно излегол од Македонија со лична карта, Спасовски рече дека од јули 2017 година, по одземањето на патните исправи, е направен распис до сите гранични премини дека неможе да ја напушти Македонија ниту со лична карта.

– Прво треба да се лоцира одговорноста, да ги согледаме пропустите и нефункционалноста  на системот во целина и  ако тоа го согледаме, ќе можеме да ги отстраниме тие недостатоци за во иднина да немаме вакви ситуации. Многу е важно органите на спроведувањето на законот да имаат координација. Потребно е сите тие институции да се реформираат после 11 години заробена држава, рече Спасовски.

Запрашан како актуелните притвори ќе се одразат врз уставните измени, тој рече дека не би ги поврзал овие две работи.

– Ниту една политичка одлука не може да терминира било која кривична постапка која ја имаме. Очекувам дека Собранието ќе работи како и досега, пред се имајќи ги предвид интересите на државата и дека ќе се заврши процесот на изгласување на уставните амандмани, а со тоа да биде гарантирано и членството во НАТО И ЕУ.  Процесот што се води во судот, треба да си продолжи понатаму. Ако сакаме да напредуваме, тогаш правдата мора да ја има и да биде достапна за сите, дециден беше Спасовски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

Директорката на УЈП за сметките на Груевски: Не сме истражен, туку даночен орган

(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

459 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Штип и Тетово

Редакција

Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување склучи договор со Винер Виена Иншуренс Груп вреден 486,9 илјади евра

Редакција