еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Вооружени и маскирани лица запалиле грчко знаме во Ксамил

Во албанското приморско гратче Ксамил синоќа е запалено грчкото знаме, јави дописничката на МИА.

Во видеозаписот објавен на социјалните мрежи, а го преземаат и медиумите се гледаат три лица кои се вооружени, маскирани и облечени во војничка униформа, како го палат грчкото, а го развејуваат албанското знаме.

На објавата уште пишува „Порака за Грците од југот на Албанија. Морето е наше“ (Ксамил).

Вандалскиот чин се случува во време на дебата околу морската граница меѓу двете земји, по најавата дека Грција се проширува во Јонско Море за 12 милји.

Полицијата почнала истрага за настанот.

Persona të maskuar dhe të armatosur djegin flamurin grek në KsamilVideo e cila pretendohet se është realizuar në Ksamil, është shpërndarë në internet me mbishkrimin "Mesazh për grekët nga Jugu i Shqipërisë. Deti është i joni"

Posted by Saranda Web on Вторник, 01 септември 2020

МИА/Видео: Saranda web/Фото: Фејсбук/Ксамил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж во Грција се удави обидувајќи се да спаси жена, телото му испливало на местото каде пред неколку децении убил девојка

Редакција

Летување во Грција: Детален список на цени од ноќевање, лежалки, кафе до леб

Редакција

Грција: Над 1.000 случаи на заболени со коронавирусот, 32 починати

Редакција