еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Германската Влада потврди дека Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров

Германската влада соопшти дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров од групата новичок.

„Со дозвола на универзитетската болница Чарите, посебната лабораторија на Сојузната војска спроведе тестирање на примероци од Алексеј Навални. Надвор од секое сомневање е утврдено присуство на воен отров од групата новичок. Навални на 22 август со симптоми на труење донесен е од Русија во Берлин на лечење,“ се вели во соопштението.

Во него се наведува и дека за сѐ ќе бидат информирани и партнерите во ЕУ и НАТО и дека со нив ќе бидат договорени дополнителните чекори. Ќе биде информирана и организацијата за забрана на хемиско оружје, како и сите фракции во Бундестагот.

По лекување во руска болница, Навални беше префрлен на лекување во Германија каде што се потврдија сомнежите дека е отруен.

Фото: Фејсбук/Навални

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фејсбук“ согласен да плати рекордна казна од пет милијарди долари

Редакција

„Надминат е единствениот спор со Македонците“: Реакции во Србија за помирувањето меѓу СПЦ и МПЦ-ОА

Редакција

(ВИДЕО) Изјавата на Заев за македонскиот јазик која ја „покачи“ температурата во Грција

Редакција