еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ банка со нова можност за одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица

Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица согласно Јавната понуда на НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти-физички лица со број 03-7502 завршува заклучно со 30.9.2020 година, информираат од Банката.

Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка повторно ќе овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти.

Можноста за одложување на плаќањето ќе се однесува на сите физички лица, кредитокорисници во НЛБ Банка, кои имаат активни кредитикредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во НЛБ Банка кои имаат кредитна изложеност која што е одобрена во период од 1.3.2020 до 24.3.2020 година и се финансиски афектирани од пандемијата на Ковид-19.

Одложувањето на плаќањето на кредитните обврски ќе биде овозможено за дополнителни 6 месеци, најдоцна до 31.3.2021 година, за клиентите – физички лица кои имаат неопходна потреба од истото, односно исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:

-Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат престанок на работен однос во периодот на кризата.

-Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат намалување на платата од најмалку 10% во периодот на кризата.

-Високи медицински трошоци поради болест предизвикана од Ковид-19.

Клиентите кои согласно евиденцијата на Банката исполнуваат некој од овие критериуми ќе добијат индивидуална понуда од Банката, која ќе можат да ја прифатат преку веб страницата на Банката во рок од 10 дена од датумот на доставување на понудата. Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.

Клиентите на кои Банката нема да им достави индивидуална понудаа сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми, ќе можат самостојно да аплицираат и да поднесат барање за одложено плаќање преку веб страницата на Банката, со приложување на соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите. При тоа Банката ќе пристапи кон разгледување на примените барања и за својата одлука дополнително ќе ги извести клиентите.

Со цел детално запознавање на клиентите со можноста за одложено плаќање на кредитните обврски, НЛБ Банка на својата веб страница ќе објави информација со спецификација на критериумите за користење на можноста за одложено плаќање, како и дополнителни информации за начинот на спроведување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основен суд Скопје 2 склучи договор со „Еви интернатионал траде„ за набавка на компјутери, вреден 371,6 илјади евра

Редакција

Во декември лани просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, 5,02%

Редакција

Пошта склучи договор со Техно-чист вреден 722,2 илјади евра

Редакција