еМагазин
Image default
Бизнис

За оштетените граѓани од „Еуростандард банка“ ќе се бара решение преку институционален пат

Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.

„На состанокот се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија.

Премиерот Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација,“ се вели во соопштението на Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на автопатот Кичево-Охрид порасна за 179 милиони долари

Редакција

Фершпед во првите шест месеци со добивка

Редакција

Министерството за животна средина и просторно планирање вработува 11 лица, плата до 29.694 денари

Редакција