еМагазин
Image default
Свет

Во јануари Австралија ќе ги добие првите вакцини против Kовид-19

Австралиските власти соопштија дека првите количества од вакцината против Kовид-19 ги очекува во јануари, а премиерот Скот Морисон вчера кажа дека дневниот број на новоинфицирани е најмал во последните 10 недели.

Морисон притоа откри дека владата со компанијата CSL Ltd постигнала договор за производство на две вакцини.

Првата е развиена од конкурентската фармацевтска компанија АстраЗенека, во соработка со Универзитетот во Оксфорд, а втората е таа што во своите лаборатории ја развива компанијата CSL Ltd, во соработка со Универзитетот во Квинсленд, пренесоа британските медиуми.

– На Австралија и треба малку надеж. Денеска направивме значаен чекор кон подобрата заштита на здравјето на нашите сограѓани и борбата против коронавирусот, рече Морисон.

Министерот за здравство Грег Хант изјави дека за време на тестирањето и двете вакцини покажале потенцијал да обезбедат „долготрајна заштита“.

Премиерот изрази очекување дека CSL.Ltd ќе испорача околу 3,8 милиони дози вакцини според лиценцата на АстраЗенека и дека државата ќе набави лекови од ЦСЛ доколку тестовите се покажат ефективни.

– Доколку двете вакцини ги поминат сите клинички испитувања, Австралија ќе издвои околу 1,7 милијарда долари за вкупно 85 милиони дози, изјави австралискиот премиер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел ќе има пензија од 15.000 евра

Редакција

„Њујорк тајмс“: Трамп размислува за повлекување на САД од НАТО

Редакција

СЗО прогласи крај на пандемијата со Ковид-19

Редакција