Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 37 заболени од Ковид-19 од 484 тестирања, во Скопје деветмина
Убава вест: Оздравени 251 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 171
Починаа шест нови заболени од Ковид-19 во изминатото деноноќие
Фото: МЗ