еМагазин
Image default
Македонија

МНР со реакција за изјавата на бугарскиот министер Каракачанов

Република Северна Македонија како и досега, ќе продолжи со засилена комуникација и консултација на политичко ниво со Република Бугарија и со сите релевантни чинители во ЕУ контекст, при што клучната порака ќе биде дека беше започнат исклучително важен и сложен процес на дијалог кој претполага зближување и градење пријателство, низ заемно почитување, како две соседни европски држави, стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи (МНР) по изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

Во соопштението на МНР, се нагласува дека во оваа смисла почитувањето на идентитетот и достоинството, европските интеграции и добрососедските односи се целосно комплементарни и заемни интереси.

-Европските интеграции на целиот регион, претставуваат интерес на двете земји и тоа било постојано потенцирано од страна на официјалните претставниците на двете земји. Република Бугарија и досега ги подржувала европските и евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија и очекуваме оваа поддршка да продолжи и во иднина, потенцира МНР.

Додава дека за сите евентуални разлики по одредени прашања, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка е токму рамката за решавање на долготрајните билатерални разлики во толкувањето на историски прашања кои ги оптоваруваат односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија децении наназад.

-На неговата имплементација, која е двострана обврска за двете држави, остануваме и натаму целосно посветени во добра волја, се вели во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе ги блокира преговорите со ЕУ ако нема напредок за историските прашања, порача Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 443

Редакција

„Само во Македонија“: Нефи Усеини повика на протест за рушење на дивоградбите пред општината во која е советник

Редакција

Познати кандидатите за заменици министри на Алијанса за Албанците

Редакција