еМагазин
Image default
Македонија

Се очекува нов пораст на новозразени од Ковид-19 во Дебар

Во последното деноноќие во Дебар, регистриран е еден новозаразен со Ковид-19, што е 15-ти случај во овој месец, во кој се регистрирани 58 оздравени и две починати лица.

Од дебарската работна единица за јавно здравје, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, велат дека поради појавата на поголем број лица кои и понатаму со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница во Дебар, се очекува бројот на новозаразени да расте.

„Апелираме до сите строго да ги почитуваат мерките и протоколите со цел да се заштитат себе си, своите блиски, роднини, пријатели и соседи. Не бараме многу само поголема внимателност и совесност, да се носи заштитна маска, да се одржува физичка дистанца и хигиена, да се избегнува групирање“, порачува епидемиологот Ментор Меља, раководител на единицата.

Со денес потврдениот случај, во ова подрачје вкупната бројка на заразени изнесува 265 од направените над 1.300 тестови, од нив оздравеле 219 додека починале 14 лица.

Моментно активни на болеста се 32 лица, повеќето со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, дел амбулантски, додека четворица се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Според, Фехми Скендер кој раководи со Кризниот штаб на општина Центар Жупа над 10 од активните болни се од општина Центар Жупа, при што повеќето се од областа на Горна Жупа, од каде се и последните четири жртви од Ковид-19.

Во меѓувреме статистичките податоци на дебарското одделение за внатрешни работи, на подрачјето на двете општини, во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале 17 прекршоци за неносење лична заштита на лицето или 26 во последните два дена, и ним им се издадени прекршочни платни налози.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Починаа пет пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Нови 142 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.542 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна процесот на обединување на ПОА на Вранишковски со МПЦ-ОА

Редакција

Се испитува постапувањето на полициските службеници во врска со поплаката од едно лице против новинарката Соња Делевска, велат од МВР

Редакција

Нови 1.064 случаи на Ковид-19 од 3.096 тестирања

Редакција