еМагазин
Image default
Локално

Дрзок разбојник нападнал битолчанка сред улица

Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Е.(22) од Битола поради постоење основи на  сомнение за извршено кривично дело “разбојништво“, информира МВР.

Пријавениот на 09.09.2020 околу 18,45 часот на улицата “Филип Втори Македонски” во Битола извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец.

По превземените мерки и активности  О.Е. бил пронајден и приведен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жичарницата на Водно од 1 октомври со ново работно време

Редакција

Началникот на СВР Струмица испукал куршум во својата канцеларија

Редакција

Кривична пријава за скопјанец кој се заканувал на претседател на политичка партија преку Фејсбук

Редакција