еМагазин
Image default
Локално

Пронајден богат плен кај двајца прилапчени кои краделе во Скопје

Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(35) и М.Р.(25), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво согласно член 236 од Кривичниот Законик, при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 560.000 денари, информира МВР.

Пријавените, на 02.09.2020 околу 13.30 часот во стан на ул.„Манапо“ во Скопје со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отклучиле бравата од влезната блиндор врата, влегле внатре и одзеле рачни часовници, парфеми и други предмети.

Од увидна екипа од СВР Скопје на местото на настанот извршен бил увид и потоа се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. На 13.09.2020 првопријавениот бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Карпош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Почна новогодишното украсување на Скопје

Редакција

Приведен бегалец од затвор од Тетовско осуден на 15 години

Редакција

Трагедија во Кочани: Маж починал по повреда на работното место

Редакција