еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Успешно излекуван 61-годишен беровчанец тешко заболен од Ковид-19

По еден месец престој во нашата клиника, поточно во одделот каде што се лекуваат пациенти позитивни на вирусот Sars–Cov–2, заминува дома пациент кој помина тежок но успешен процес на лекување, соопшти Клиниката „Жан Митрев“.

„Пациентот во нашата клиника се лекуваше еден месец а беше дојден во исклучително тешка општа состојба, позитивен на коронавирусот, со температура над 38 степени целзиусови.

Непосредно по приемот пациентот беше поставен на неиванзивен мониторинг каде што можевме да ги следиме виталните параметри на пациентот и беа направени лабораториски, микробилошки и генетски анализи.

Од анализите веднаш забележавме покачени вредности на инфламаторни маркери, леукоцити, ЦРП, прокалцитонин како и покачени вредности на дедимери, ЛДХ и интерлеукин 6.

Применувајќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на пациенти позитивни на Covid 19 дел од третманот на тешко болни пациенти го засноваме на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоапсорпцијата на цитокини и други восплителни медијатори.

Пациентот беше поставен на вено-венска хемофилтрација со користење на Oxiris филтер и поради инверзија на гасните анализи, ниската периферна сатурација како и ренгенскиот наод за акутен респораторен дистрес синдром пациентот беше интубиран и беше поставен на механичка вентилација.

Пациентот помина 4 циклуси на хемофилтрација. По четвртиот циклус на хемофилтрација можеше да се забележи подобрување на неговата целокупна општа состојба и сите наоди.

По скоро две недели поминати на механичка вентилација – респиратор, пациентот беше екстубиран, тргнат од респиратор. Пациентот заминува дома со негативен тест за корона вирус и во стабилна добра состојба“, велат од Клиниката.

По две недели поминати на механичка вентилација и после 4 хемофилтрации 61-годишниот беровчанец заминува дома со негативен тест на Sars–Cov–2

По две недели поминати на механичка вентилација и после 4 хемофилтрации 61-годишниот беровчанец заминува дома со негативен тест на Sars–Cov–2 По еден месец престој во нашата клиника, поточно во одделот каде што се лекуваат пациенти позитивни на вирусот Sars–Cov–2, заминува дома пациент кој помина тежок но успешен процес на лекување. Пациентот во нашата клиника се лекуваше еден месец а беше дојден во исклучително тешка општа состојба, позитивен на коронавирусот, со температура над 38 степени целзијусови. Непосредно по приемот пациентот беше поставен на неиванзивен мониторинг каде што можевме да ги следиме виталните параметри на пациентот и беа направени лабораториски, микробилошки и генетски анализи. Од анализите веднаш забележавме покачени вредности на инфламаторни маркери, леукоцити, ЦРП, прокалцитонин како и покачени вредности на дедимери, ЛДХ и интерлеукин 6.Применувајќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на пациенти позитивни на Covid 19 дел од третманот на тешко болни пациенти го засноваме на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоапсорпцијата на цитокини и други восплителни медијатори. Пациентот беше поставен на вено-венска хемофилтрација со користење на Oxiris филтер и поради инверзија на гасните анализи, ниската периферна сатурација како и ренгенскиот наод за акутен респораторен дистрес синдром пациентот беше интубиран и беше поставен на механичка вентилација.Пациентот помина 4 циклуси на хемофилтрација. По четвртиот циклус на хемофилтрација можеше да се забележи подобрување на неговата целокупна општа состојба и сите наоди.По скоро две недели поминати на механичка вентилација – респратор, пациентот беше екстубиран, тргнат од респиратор. Пациентот заминува дома со негативен тест за корона вирус и во стабилна добра состојба.

Posted by ZAN MITREV on Среда, 16 септември 2020

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски за близината на индискиот сој на Ковид-19: Колку и да изгледа безгрижно состојбата, за кратко време може да се претвори во кошмар

Редакција

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски позитивен на корона вирусот, хоспитализиран е на Инфективна клиника

Редакција

Винарија „Лазар“- убава семејна приказна и место кое вреди да се посети

Редакција