еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски за близината на индискиот сој на Ковид-19: Колку и да изгледа безгрижно состојбата, за кратко време може да се претвори во кошмар

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој редовно ја анализира состојбата со коронавирусот, овој пат направи анализа до каде географски најблиску до Македонија, стигнала варијантата „делта“ на корона вирусот или попознат како индиски сој.

„Со увид во датабазата на ГИСАИД иницијативата, забележуваме дека во Грција до денеска се секвенционирани 10 случаи на САРС Ков2, варијанта B.1.617.2 „делта“. Се разбира, вкупниот број случаи е далеку поголем од бројот на секвенционираните случаи.

Случаите ги внесуваат со големо задоцнување, па така ова се случаи од крајот на април до средината на мај (но можно е да го сопреле ширењето). Сепак, мора да се признае дека Грција натпросечно добро се справува со епидемијата на Ковид-19 и засега многу добро го држи вирусот под контрола (што не значи дека нашите летовалци не треба максимално да внимаваат).

Понатаму, во Италија до денеска има 197 секвенционирани случаи на „делта“ сојот и таму прилично ажурно ги внесуваат случаите во датабазата.

Во балканските земји, освен десетте случаи во Грција и еден случај во Бугарија (не сметајќи ја Словенија со 5 случаи), засега не е секвенциониран „делта“ сојот.

Дури ни Македонија се уште не го рапортирала во датабазата нашиот прв и единствен случај, увезен од Ирак. Патем кажано, во Македонија сме имале еден случај на јужноафриканскиот сој „бета“ во април.

Се разбира, во денешно време на развиен воздушен сообраќај растојанието не значи многу, па вирусот може да ни пристигне од било која европска или воневропска земја каде што има наша бројна дијаспора.

Да се потсетиме дека во Велика Британија, „делта“ сојот веќе доминира со околу 90% меѓу сите соеви, а во Русија и Португалија исто така е доминантен и интензивно се шири.

Летото е време на интензивни патувања и лежерно однесување, поради што ќе треба да се вложи дополнителен напор и внимание за да го избегнеме внесувањето на овој опасен и брзоширечки сој во земјата.

Колку и да изгледа безгрижно моменталната состојба, за кратко време може да се претвори во кошмар, со оглед на малата стапка на вакцинираност на населението. Масовните собири, ноќните клубови и свадбите, можат само да долеат бензин на огнот после првата искра,“ пишува тој на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Индискиот сој директно слегува во белите дробови, заканата треба да биде сфатена сериозно

Професор Трајковски: Од Ковид-19 изгубивме население еквивалентно на град со големина помеѓу Ресен и Виница

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев: Моите компании работат законски, отворени сме за соработка со СЈО

Редакција

ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, амандмани и екологија

Редакција

Турција го менува името во Туркије

Редакција