еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(Видео) Се одбележуваат две децении: Како НАТО ја бомбардираше Србија

Во Србија и на Косово денеска се одбележуваат 20-те години од бомбардирањето на НАТО на Југославија.

На денешен ден, пред точно 20 години, од база на НАТО во Италија полетаа првите авиони кои ја бомбардираа Србија во напад што траеше 78 дена.

Денот на сеќавање на настраданите во воената кампања на НАТО ќе биде одбележан во Ниш, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, како и претставници на војската, црквата, дипломатскиот кор и граѓани.

На Косово, претставници на институциите во Приштина ќе го одбележат бомбардирањето во присуство на амбасадори, бидејќи НАТО интервенцијата во 1999 година, Косово ја слави како ослободување на денешната држава. Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај рече дека воздушната акција на Алијансата ставила крај на трагедијата на косовскиот народ.

Видео/Фото:Youtube/Alfa monitoring/The National interest

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како ги минува Ѓорѓе Иванов последните денови како претседател?

Редакција

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, инфлацијата ќе се стабилизира годинава, велат од „Стандард и Пурс“

Редакција

Џафери: Не може некој да биде пратеник четири години, а потоа да брка по контејнери

Редакција