еМагазин
Image default
Македонија

Во Битола се одржа протест против полициската бруталност

Во Битола денеска се одржа протест против полициската бруталност. Протестот беше организиран од невладината организација Аваја заедно со неколку организации од Битола.

Со скандирање „Нема правда, нема мир“ почнаа од местото каде што се случи инцидентот, во близина на Pоштата во Битола каде според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, полициски службеник тепа граѓанин од ромска националност после направена сообраќајка.

Со транспаренти „Стоп за полициската бруталност“, „Едно општество за сите“ преку Широк Сокак дојдоа до зградата на полицијата и  упатија порака –  вакво насилство никогаш да не се повтори.

По денешниот протест на Ромите во Битола против полициската бруталност, на социјланите мрежи за во среда се најавува контрапротeст за поддршка на полициските службеници од СВР Битола кои се суспендирани од работните места.

Инаку, МВР вчера поднесе кривична пријава против полицаецот од СВР Битола за малтретирање при вршење на службата. Исто така, против него и против неговиот колега кој бил присутен на настанот, а не,го спречил насилството, покренати се дисциплински постaпки и суспендирани се од работните места.

МИА/Фото/Фејсбук:Марија Сулејманова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром, суспендиран уште еден полицаец

(Видео) Полицаец брутално тепаше Ром при приведување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Моќник“: Обвинетите го отфрлија обвинението и се изјаснија за невини

Редакција

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

Редакција

Најмногу за Град Скопје, 12: Вкупно 297 кандидати ќе се борат за градоначалници

Редакција