Владата на денешната седма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.
Оваа одлука Владата ја донесе во координација со Главниот кризен штаб и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести, соопшти денеска владината прес-служба.
Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со Ковид-19.
Фото: Град Скопје