еМагазин
Image default
Балкан

Од Кабинетот на Рама за фотографијата од Лешница: По грешка е означена од Албанија, постои село со исто име

По рекациите на социјалните мрежи, откако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.

Имено, од Кабинетот се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Северна Македонија.

– Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Северна Македонија, наведоа од Кабинетот на Рама за МИА.

Претходно денеска, планинари од Тетово ја алармираа јавноста и министерствата дека фотографија од втората када на Кривошијска река во месноста Лешница на Шар Планина се претствува дека е дел од Албанија на објава на Фејсбук профилот на албанскиот премиер Еди Рама.

На социјалната мрежа Рама објавил фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“ (#BeautifulAlbania, #KanioniLeshnicës).

На објавата до 13:30 часот има околу 400 коментари во кои главно се забележува на тоа што Рама убавина на Северна Македонија ја прикажува како убавина во неговата земја и се укажува дека тоа е негова катастрофална грешка.

Во Албанија според мапите на интернет се наоѓа кањон Лешница, инаку во близина на грчката граница и на пат за градот Саранда. Воедно тоа е заштитено природно подрачје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Еди Рама ја „присвои“ Лешница: Водопадите биле дел од убавините на Албанија

МИА/Фото: Инстаграм/Африм Тахирај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kако што Грција најде волја за решение истото треба да го стори и Бугарија, порача Ципрас

Редакција

(Видео) Унгарски војници од КФОР ги спуштаат штитовите пред Србите во Косово: Хит на социјалните мрежи во Србија

Редакција

Тридневна жалост прогласена во Црна Гора

Редакција