еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Христијан Мицкоски го прослави 43. роденден: Доби торта со честитка „Среќен роденден претседателе“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го прослави својот 43 роденден. Тој на неговиот Фејсбук-профил објави фотографија од тортата што ја добил од соработниците на која пишува „Среќен роденден претседателе“.

„Година повеќе, но и мудрост повеќе. Благодарност до моите соработници кои пријатно ме изненадија. Благодарност од се срце и до сите кои ми честитавте, а не успеав поради работните обврски да возратам.

Моите желби се за подобро утре за секој еден човек, и развој на нашата Македонија! Тоа ќе го постигнеме обединети, целосно искрени и со срце за промени за нашата земја и иднина“, напиша Мицкоски.

Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како правилно се става и вади маската за заштита која граѓаните задолжително ќе треба да ја носат

Редакција

Животот во некаква нормала би се вратил на почетокот или средината на мај

Редакција

Семејството на убиената Македонка во Германија, скршено од болка, ќе бара старателство над нејзината двегодишна ќерка

Редакција