Нови шест кавадарчани се потврдени како позитивни на вирусот Ковид-19 во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Новозаболените, од кои двајца претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19, а другите не знаат од каде се заразиле, се на возраст од 21 до 58 години. Две од лицата позитивни на коронавирусот се припаднички на понежниот пол.
Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 225 заразени со Ковид-19 од 1.694 тестирања, во Скопје најмногу 96
Убава вест: Оздравени 96 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
Починаа шест пациенти од Ковид-19, тројца од Скопје и по еден од Прилеп, Битола и Тетово
МИА/Фото: Општина Кавадарци