еМагазин
Image default
Македонија

Предлогот да се одложи либерализацијата на поштенскиот пазар помина на Комисијата за транспорт

Предлог законот за изменување на Законот за поштенските услуги, во прво читање, со кој треба да се овозможи одложување на целосната либерализација на пазарот на поштенските услуги најдоцна до 2022 година, денеска помина на собраниската Комисија за транспорт и врски.

Доколку биде изгласан Законот, ќе се овозможи шесто одложување на целосната либерализација на поштенскиот пазар. Со тоа Пошта на РСМ (давател на универзалната услуга) за која Владата најави реструктуирање, и натаму ќе го задржи екслузивитетот во цената на резервираните поштенски услуги што опфаќаат прием, пренос и врачување на пратки за коресподенција (писма и поштенски картички)  и пратки на директна пошта до 50 грама.

И приватните поштенски оператори имаат право да ја извршуваат резервираната поштенска услуга, но со цена најмалку два и пол пати повисока од цената по која давателот на универзалната услуга носител на индивидуална дозвола ги обезбедува пратките од резервираниот дел.

Во Предлог законот стои дека се остава простор Пошта на РСМ, како национален оператор да инвестира во осовременување на поштенската мрежа и во креирањето и на други (нови) услуги, што ќе придонесе за неговата одржливост преку давање поквалитетни поштенски услуги за граѓаните.

Националниот оператор, стои во образложението, нема технички можности, односно нема обезбедено систем за вршење посебно сметководство што во услови на непостоење на овој систем, со кој покрај другото детално ќе дава приказ на трошоците за обезбедување на услуги, ценовната политика ќе се базира на претпоставен трошок.

Исто така, непостоењето на системот за посебно сметководство и алокација на трошоци, истовремено значи и неможност за користење на компензацискиот фонд како право на надомест на нето трошоците што настанале со обезбедувањето на универзалната услуга доколку давателот на универзалната поштенска услуга докаже дека трошоците се повисоки од приходот остварен од обезбедувањето на универзалната услуга во претходната година.

-АД Пошти на Република Северна Македонија се одликува со постоење на „гломазен“ систем кој го оневозможува и успорува долгиот и скап процес на реорганизација, и тоа во насока на унапредување на работењето, соодветно справување со конкуренцијата и нејзино полесно адаптирање кон работењето согласно сите правила за претприемништво и работа во услови на слободна пазарна економија, наведува Министерството за транспорт во Предлог законот..

Кон одлуката за одложување на либерализацијата, стои во документот, е земена во предвид и препораката дадена во Белата книга на Агенцијата за пошти која во рамки на своето работење и надлежности како регулатор се залага за спроведување на процесот на либерализација на укинување на ценовниот монопол.

Сепак, во својата Бела книга која се однесува на состојбата на македонскиот поштенски пазар и каде дава осврт на целокупната, актуелна состојба на пазарот на поштенски услуги меѓудругото, има предложено и несомнено препорачува целосна либерализација на пазарот на поштенските услуги најдоцна до 2022 година, стои во образложението.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се поведе прекршочна постапка за Ева Шуклева, откако е на функција нема поднесено анкетен лист, велат од Антикорупциска

Редакција

(ВИДЕО) Американскиот секретар за одбрана Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Редакција

Собранието го усвои законот за Изборниот законик вратен од Иванов

Редакција