еМагазин
Image default
Македонија

СЈО: Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат како Груевски

Притворот за обвинетите во предметот „Титаник“, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е побаран затоа што во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и поранешиот премиер Никола Груевски, појасни пред судот обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на почетокот на денешното рочиште за „Титаник“.

-Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека не само што Груевски се дал во бегство, туку дека на ист начин се подготвуваат да избегаат и Јанакиески и Божиновски, наведе Стефанова.

Таа побара од судот на Груевски, кој е исто така е еден од обвинетите во овој предмет, да му се суди во отсуство.

На поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата Божиновски, им е определен притвор од 30 дена. Тие ноќеска беа спроведени во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил.

Груевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“. По него е распишана меѓунардона потерница.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор од 30 дена за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Јанкулоска вели дека ги почитува мерките на претпазливост и не очекува притвор

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Калина Гривчева Старделова реизбрана за претседател на Лекарската комора

Редакција

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со изедначена политика во однос на тестовите

Редакција

(Фото) За сликање за документи во пунктот на МВР се чека неколку часа

Редакција