еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Настап на Владо Георгиев во Скопје без маски и дистанциа ги „запали“ социјалните мрежи, обејктот затворен

Синоќешниот настап на српскиот пејач Владо Георгиев во скопскиот угостителски објект “Мош“, ги „запали“ социјалните мрежи и предизвика лавина од реакции во јавноста.

Од видеата кои се појавија на интернет се гледа дека присутните на настапот не одржуваат дистанца, ниту пак носат маски.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски за „А1он„ изјави дека објектот е затворен и запачетувањето е направено денес. Објектот како што пренесува порталот не бил затворен поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, туку поради тоа што синоќа го пречекорил работно време до 1 часот по полноќ.

Инспекторатот мината недела на „Мош“ му поднел и кривична пријава.

Фото: Фејсбук/Георгиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ

Редакција

Пет дена ни трага, ни глас од исчезнатиот скопјанец Богољуб Митов

Редакција

Арсовска поднесе иницијатива до Советот на Град Скопје за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“

Редакција