еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Арсовска поднесе иницијатива до Советот на Град Скопје за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“

Градоначалничката Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје поднела иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“, што претходниот состав на Советот ја променил во „Адем Демачи“, а за што Владата дала согласност за промена, информираат од Кабинетот на Арсовска.

– Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог-одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија.

Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира, ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци, биле токму Албанци, Роми и Власи, посочува Арсовска.

Воедно, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, градоначалничката Арсовска силно ја осудува националистичката реторика на косовскиот премиер Албин Курти.

-Сакам да му предложам нова иницијатива – во Приштина улица да биде именувана по македонскиот револуционер Тодор Александров, кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев, додава Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“: Премиерот на Косово, Курти присуствуваше на преименување на улица во Чаир

Фотио: Фејсбук/Арсовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија дозволи туристички патувања: Олеснети условите за влез за македонските граѓани

Редакција

Хрватска влегува во Шенген зоната, Бугарија и Романија не

Редакција

Потребни се средства за лекување на Сашо Лазаровски од канцер на белите дробови

Редакција