еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Италија дозволи туристички патувања: Олеснети условите за влез за македонските граѓани

Амбасадата на Италија во земјава информира дека почнувајќи од денеска, 1 март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, повеќе ќе нема ограничувања за влез во таа земја.

– Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид-сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА.

Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест, од кој се ослободени децата до шест години.

При влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање патници PLF (Passenger Location Form), соопшти Италијанската амбасада.

Амбасадата потсетува и дека Италија донираше во Македонија 250.000 дози од вакцината „Фајзер“ и дека тоа им овозможува на оние кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа со што ќе се зголеми и заштитеноста на населението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви се очекувањата на Комерцијална банка за претстојниот период?

Редакција

Акции со најголем пад на вредноста: „Тетекс“ на врвот

Редакција

Германскиот синџир на аптеки Росман плнира влез на македонскиот пазар

Редакција