еМагазин
Image default
Македонија

Намалување од 39,5%: Минатата недела регистрирани 3.702 нови случаи на Ковид-19

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 21 до 27 февруари, тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

“Регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 39,5% во однос на минатата недела (n=6.120).

Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје – 311,4/100.000 и Гевгелија – 285,3/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица биле на возраст од 40-49 години: Минатата недела 68 смртни случаи од Ковид-19, намалување за 45,6%

Намалување за 37,2%: Минатата недела 542 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, едно по третпат

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.174 случаи на Ковид-19 од 4.598 тестирања

Редакција

Дописникот на британски „Гардијан“ го фотографираше Груевски во Будимпешта

Редакција

„Заедно ќе успееме, нема да постапуваме со емоции, во контакт сме со ЕУ, САД и НАТО,“ им порача Ахмети на своите сопартијци

Редакција