еМагазин
Image default
Бизнис

Какви се очекувањата на Комерцијална банка за претстојниот период?

Светската пандемија со Ковид-19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија која е од отворен тип, што може да се очекува и врз основа на искуството со светската финансиска криза чии ефекти се прелејаа врз реалниот сектор во домашната економија, па потоа индиректно и врз финансискиот систем, соопшти Комерцијална банка преку Македонската берза во образложение на очекувањата за претстојниот период.

„Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување.

Макроекономските услови во кои банката ќе ја остварува својата активност во 2020 година се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година.

Согласно објавените проценки од Светска банка, се очекува БДП да забележи пад од околу -0,4%.Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, соодветно корегирање на финансиските проекции за 2020 година при што ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка оствари приходи од 16,5 милиони евра за три месеци: Каматите основна компонента

Преполовена добивката на Комерцијална банка: За три месеци профит од 3,5 милиони евра

Акциите на Комерцијална банка „убедливо“ најтргувани на Македонската берза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна откупот на винско грозје во Кавадарци

Редакција

Кои се најзагрозени фирми: Од утре плаќање во кеш само за сума до 500 евра

Редакција

Попова кула лани со добивка

Редакција