еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести зачудена од нападите и квлификациите на угостителите

Комисијата за заразни болести реагира на соопштението испратено од страна на Независната угостителска комора.

„Зачудени сме од нападите и квалификациите кон Комисијата за заразни болести од страна на Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите. Протоколите се на сила повеќе месеци и Комората досега немаше проблем со истите, напротив го поздравија и се согласија со нивното носење.

Препораките за новите мерки целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19. Трансмисија на вирусот се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави.

При тоа, новите мерки и малата промена на протоколите апсолутно не го ограничуваат работењето на угостителските објекти кои и досега можеа да работат, туку превенираат поголеми собири и настани.

Дополнително, во целиот свет и Европа во моментов има есенски бран каде меѓу првите мерки е целосно затварање на баровите и рестораните, а на многу места веќе има нови вонредни состојби. Целта на Комисијата за заразни болести е со помеки мерки, а не преку целосно затворање на угостителските објекти да се намали ризикот за ширење на вирусот, а индустријата да може да работи.

Искрено се надеваме дека ќе имаме и понатаму успешна соработка и разбирање за одлуките бидејќи тие се исклучиво во насока на заштита на јавното здравје,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостителите реагираат: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски ќе ја напушти политиката ако некој од партијата гласа за промена на Уставот

Редакција

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ објави предлог како да изгледаат уставните измени

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ на лидерската бара да се разговара и за условувањата од Бугарија

Редакција