еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нивото на Преспанското Езеро за 33 сантиметри под минимумот

Нивото на Преспанското Езеро го има надминато апсолутно измерениот минимум за 33 сантиметри, покажа контролата што ја направи екипа на хидролози од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во денешниот извештај од УХРМ, се наведува дека при извршената контрола, нивото на езерото било на кота од 842.42 мнм.

Според денешните мерења, намален водостој е забележан и кај поголемиот дел од реките во државата.

За 14 сантиметри под нивото е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, а намален водостој во однос на минатата недела има и кај реките Треска, Лепенец, Пчиња, Крива Река, Бабуна, Струмица и Црна Река.

Фото: Фејсбук/Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 8.002: Од Ковид-19 починаа две лица

Редакција

(Фото) Во Москва солидарен протест за мртвите во Буча

Редакција

Позитивната листа на лекови дополнета со девет генерики

Редакција