еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Буџетот за 2024 година, 5,5 милијарди евра, потежок за 3,4% од овогодинешниов

На владина седница денеска помина предлог-буџетот за 2024 година, а истиот е 5,5 милијарди евра и е потежок за 3,4% од овогодинешниов.

Расходната страна е проектирана на 343,6 милијарди денари и истата е за 5,8 проценти повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милијарди денари, повисоки за 10 проценти.

Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милијарди денари понизок во однос на 2023 година.

Во делот на приходите, вкупните даночни приходи се проектирани на 178,1 милијарди денари, што е за околу 10 проценти над износот на приходите планирани за годинава.

Најголем пораст е планиран кај приходите од данокот на личен доход кои се проектирани на 31,1 милијарди денари, што претставува раст од 17,4 проценти во однос на годинава.

Приходите од данокот на добивка се проектирани на ниво од 19,5 милијарди денари, приходите од данокот на додадена вредност на ниво од 80,7 милијарди денари, а приходите по основ на акцизи е предвидено да изнесуваат 31 милијарди денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 326 болни од Ковид-19

Редакција

Судот во Стразбур допрва ќе одлучува: Ќе стане ли аболицијата на Иванов сламка за спас на Груевски, Мијалков, Јанакиески…

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Оилко“ за 157.000 евра

Редакција